понеделник, 18 мај 2026

Владата работи на усогласување на Законот за употреба на јазиците со Уставот

Претседателот на Владата на Македонија Христијан Мицкоски денеска одржа работна средба на која присуствуваа копретседателите на Влен Билал Касами и Изет Меџити, на која се разговараше за темата со употребата на јазиците при полагање на правосудниот испит.

Објавено на

часот

Сподели

Според владиното соопштение, на состанокот беше нагласено дека само преку заеднички, мудар и достоинствен пристап може да се дојде до решенија кои ќе значат напредок, меѓусебна доверба и заедничко чекорење кон иднината.
„Соговорниците се согласија дека образованието и знаењето претставуваат темел на секоја современа и успешна држава. Оттука, институциите активно работат на изнаоѓање на решенија кои ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците, со цел обезбедување правна сигурност и функционалност“, е вели во соопштението на Владата на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ