понеделник, 18 мај 2026

Левица најави предлог-закон за речиси целосна забрана на коцкањето и строги ограничувања за игрите на среќа

Пратеникот Амар Мециновиќ на денешната прес-конференција најави дека политичката партија Левица ќе поднесе предлог-закон со кој се предвидува речиси целосна забрана на коцкањето и значително ограничување на рекламирањето на игрите на среќа.

Објавено на

часот

Сподели

Според предложените измени, казината и автомат клубовите би можеле да работат само во граничен појас до пет километри од државната граница или во категоризирани хотели со пет ѕвезди.

Мециновиќ истакна дека институциите мора да покажат дека човечкото достоинство, семејната стабилност и иднината на младите се поважни од приватниот профит.

Тој нагласи дека коцкањето со години се развива како „дегенеративен феномен“, додека, како што рече, институциите недоволно реагираат на неговото ширење. Според него, постои ризик цели населби да бидат изложени на индустрија која профитира од економската несигурност и сиромаштијата на граѓаните.

Партијата најавува и ограничување на агресивното рекламирање на коцкањето, со цел да се спречи неговата „нормализација“ во јавниот простор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ