понеделник, 18 мај 2026

Вардар ги дозна сите потенцијални ривали за првото квалификациско коло во ЛШ

По завршувањето на најголемиот дел од европските шампионати, Вардар ги доби потенцијалните ривали за првото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Објавено на

часот

Сподели

Последните дилеми околу шампионските титули беа решени во Романија и Ерменија, па сега е познат комплетниот список на можни противници на македонскиот првак на стартот од европската авантура.

Вардар ќе биде меѓу носителите во првата рунда, а можни противници се неколку добро познати европски екипи, меѓу кои и Шамрок Роверс, Каират Алмати, КИ Клаксвик и Борац Бања Лука.

Можни ривали на Вардар во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите се: Шамрок Роверс (Ирска), КУПС (Финска), Дрита (Косово), Линколн Ред Импс (Гибралтар), Борац Бања Лука (БиХ), Викингур (Исланд), Каират Алмати (Казахстан), Крајова (Романија), Рига (Летонија), КИ Клаксвик (Фарски Острови), Флора Талин (Естонија), Ларне (Северна Ирска), Петрокуб (Молдавија) и ТНС (Велс).

Ждрепката за првото квалификациско коло во Лигата на шампионите ќе се одржи на 16 јуни, додека натпреварите се закажани за 7/8 јули и 14/15 јули.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ