понеделник, 18 мај 2026

Јапонците развиваат В8 мотор кој испушта само водена пареа: Звучи како вистински бензински мотор!

Јапонската компанија ХајСе работи на развој на 5.0-литарски мотор на водороден погон кој практично не испушта јаглерод диоксид. Основата е мотор на Тојота со 440 коњски сили, а во проектот учествуваат и Кавасаки, Јамаха, Сузуки и Хонда.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Тојота со години развива технологии поврзани со водород, вклучувајќи модели со горивни ќелии како Мираи, како и мотори со внатрешно согорување кои користат водород како гориво.

Додека многу производители се откажаа од оваа технологија, Јапонците продолжуваат со развојот.

Посебно внимание е посветено на работата на издувниот систем, кој рамномерно ја отстранува водената пареа од сите цилиндри, со што се оптимизираат перформансите и се контролираат штетните емисии.

Сепак, моторите на водород имаат и недостатоци. Трошат повеќе гориво од системите со горивни ќелии, но нудат нешто што многу љубители на автомобили не сакаат да го изгубат – чувството на класично возење и моќниот звук на бензински мотор В8.

Затоа инженерите сакаат овој мотор да го задржи својот препознатлив, моќен звук и покрај целосно различното гориво.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ