„И во случајот со милионскиот криминал за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, блискоста на обвинителката Катерина Коларевиќ и на шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази е неспорна.
За блискоста на Ислам Абази со Ахмети како комшија од Зајас, на кого според јавно достапни фотографии може да се види како на глава му седи неговиот брат Фекри Ахмети, сите знаат.
Затоа сега повеќе се задржуваме на блискоста на обвинителката Коларевиќ со партиите СДС и ДУИ, која со моминско презиме е Маркова. Татко ѝ на Коларевиќ, Павле Марков, во 1998 година од тогашната влада на СДС е избран за државен правобранител, додека, пак, мајка ѝ Вера Маркова, во 2004 од коалицијата СДС и ДУИ е избрана за уставен судија.
Кариерите и професионалните унапредувања на родителите на Коларевиќ не се случајни или како резултат на квалификации и природен процес на професионален развој, туку тие се цврсто поврзани со политички номинации на владите на СДС во различни временски периоди.
Обвинителката Коларевиќ, блиска до СДС и ДУИ, добро знае дека во економскиот криминал или штета на државниот буџет, како што е случајот со ТЕЦ Неготино, се утврдува со економско вештачење, а не со изјави дадени од некомпетентни и неовластени лица вработени во ЕСМ.
И од ЕСМ јасно потенцираа дека испитаните лица во постапката, не биле ниту одговорни, ниту компетентни лица да проценат штета и да утврдат економски криминал со набавката на мазутот.
Но, со скандалозната одлука за стопирање на истрагата за овој случај тежок 167 милиони евра за кој постојат силни индиции и сомнежи за перење пари и тендерски криминал, станува јасно дека решението на Абази и Коларевиќ не е поткрепено со правно-обвинителски аргументи, туку веројатно е добро подмачкано со прескапиот мазут.
Од овие прости причини се јавува потребата да се постави прашањето, дали поради тоа обвинителката Коларевиќ во случајот со мазутот тежок 167 милиони евра, не постапувала со главен мотив да ја открие вистината, туку за да го заташка, како што ја стопираше постапката, за од кривична одговорност да ги спаси Васко Ковачевски, Адријан Муча, Асмир Јахоски и другите блиски до Ахмети, Заев и Филипче.
Или подиректно, дали Коларевиќ како обвинителка поради свои интереси и по насоки од блискиот до ДУИ, Ислам Абази, кои доаѓаат директно од врхушката на СДС и ДУИ, односно од Ахмети, Заев и Филипче, ја сопре постапката за овој случај вреден 167 милиони евра?
Очекуваме одговори, затоа што јавноста има право и заслужува да ја знае целата вистина, додека Советот на јавни обвинители има обврска да го истражи работењето и постапувањето и на Абази и на Коларевиќ.
За да се воспостави правна држава и да се врати довербата на граѓаните во правосудството, која сега е минорни 2%, потребно е и обвинителите да подлежат на професионална, дисциплинска и кривична одговорност, доколку се докаже нивно противправно делување. Македонија заслужува правда и одговорност“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






