Од Германија доаѓаат информации дека фудбалерот на Борусија Менхенгладбах, Харис Табаковиќ заработил сериозна повреда на зглобот поради која нема да може да игра на Мундијалот.
Табаковиќ се повреди во последното коло од Бундеслигата, на мечот кој Борусија Менхенгладбах го победи Хофенхајм со убедливи 4-0.
Тој во 72. минута се повреди при еден дуел со противничкиот дефанзивец Кабак. Информациите за повредата се дека има скршено коска во скочниот зглоб.
Во мометнов тој е во гипс и ќе треба да мирува најмалку три месеци. А ако замине на операција како што му предлагаат докторите, ќе биде отсутен шест месеци од терените.
Оваа вест е катастрофална за босанската репрезентација со оглед на тоа што Табаковиќ играше во голема форма оваа сезона.






