“Очигледно е дека фамозниот нон-пејпер е пишуван во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, за да може Димитар Апасиев да шири лажни вести и да се радува на Фејсбук и другите социјални мрежи. Што друго може да се очекува од политички партии кои наместо конкретни мерки и програми, нудат само лажни вести и невистини.
Водењето држава и општини е посложено од пишување статуси на fејсбук и тоа граѓаните одлично го разбираат и затоа одново ќе го казнат нечесното и неодговорно дејствување“, соопшти СДСМ.






