понеделник, 25 мај 2026

Неодговорноста во државата со живот ја плаќаат граѓани, смета Алијанса за Албанците

Објавено на

часот

Сподели

Последната трагедија гна нозе го крена целиот свет, додека во нашата држава никој не чуствува никаква одговорност за животите на 45 граѓани, а ниту пак чуствуваат одговорност за повредените кои треба да се залечат од повредите и психичкиот шок, реагира партијата.

„И во оваа трагедија, како и во минатите, на виделина излегоа скандалозни дејства. Еден автобус којшто се движи низ регионот без потребната дозвола, неевидентиран во електронскиот регистар и со дозволено движење од царината и граничната полиција. И сето ова заврши само со одземање на дозволата на компанијата и отпуштање на двајца цариници. Одговорност во овој случај треба да сносат тие што до ден денес ги немаат следено и ја немаат проверувано работата на превозниците, иако претходно ја имавме трагедијата кај Ласкарци каде што исто така имаше жртви и исто така беше констатирано дека има злоупотреби и скандалозни технички пропусти“, наведува Алијанса за Албанците.

Партијата нагласува дека како за Ласкарци, така никој не понесе одговорност  ниту за 14-те жртви во модуларната болница во Тетово, каде што исто така министерот и заменик министерот за здравство и директорот на болницата во Тетово продолжуваат со работа иако беа констатирани пропусти и злоупотреби.

жНеодговорноста на високите функционери на државата, криминалот и корупцијата во институциите, граѓаните ги плаќаат со живот, со болка и со трагедии што не се паметат од независноста на државата, нагласува Алијанса за Албанците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ