„На предлог на Министерството за финансии, како што посочуваат од владината прес-служба, утврден е и текстот на предлог-законот за финансиска стабилност со цел да придонесе кон одржување на стабилноста на финансискиот систем во целина, да го спречи и да го намали кумулирањето на системските ризици, да ја зајакне отпорноста на системот, да обезбеди одржлив придонес на финансискиот систем кон економскиот раст и да постигне усогласување со Регулативата (ЕУ) бр.1092/2010 за макропрудентен надзор на финансискиот систем на Европската Унија и формирање Европски одбор за системски ризик“, вели владината прес-служба.
Законот, чие донесување се предлага треба да ја обезбеди стабилноста на финансискиот систем и поголема сигурност и еднаквост на финансиските субјекти, се наведува во соопштението.






