четврток, 21 мај 2026

Истрага и притвор за мажот од Копаница осомничен дека ја убил сопругата

Јавен обвинител Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје и екипи на СВР Скопје извршија увид на лице место во с. Копаница, скопско, каде беше пронајдено тело на почината 37-годишна жена со прострелна рана во главата, соопштија од Јавното обвинителство.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од Обвинителството, по наредба на јавниот обвинител телото на починатата е дадено на обдукција, а се преземаат и други мерки за целосно расчистување на случајот.

„Покрај телото е пронајден пиштол глог19, сопственост на нејзиниот сопруг. Лицето веднаш беше обезбедено и Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка за кривично дело – неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали, по член 396 од Кривичниот законик. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот и притворската мерка е прифатена од Судот“, информираа од Јавното обвинителство.

Во меѓувреме, додаваат оттаму, ОЈО Скопје и СВР Скопје продолжуваат да постапуваат за целосно испитување на настанот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ