„Откако скандалот на злоупотреба и манипулација на децата се обелодени тогаш Шилегов веднаш недвосмислено се огради. Со тоа даде директно признание дека одговорноста е негова. Безобразно ја манипулираат јавноста и тврдат дека не знаат за вакво нешто и немаат никаква врска со настанот. Документите кои ги објавувме вчера го покажаа токму спротивното. Град Скопје знаел за проектот, го одобрил и финансирал. Шилегов треба да одговори кој ја контролира работата и кој ги одобрува програмите на вакви кампови?
Бараме од Шилегов две работи, прво да ги побара парите кои ги доделил на организацијата, и второ, но не помалку важно, да се извини на јавноста, да се извини на загрижените родители и да се извини на учесниците. Дали Министерството за труд и социјална политика, или Министерството за образование и наука знаат што се случува? Свесни сме дека одговори од оваа влада нема никогаш да добиеме, но со сигурност можеме да констатираме дека ако знаеле виновни се, ако не знаеле виновни се“, изјави Митева.






