вторник, 26 мај 2026

Левица: ДКСК да испита како директорот на ФЗОМ Стево Крстевски се стекнал со енормен имот при владеењето на СДСМ

Објавено на

часот

Сподели

„Гледајќи ја вкупната сума на имотот кој тој го поседува, легитимно е да се постави прашањето на кој начин истиот ги стекнал средствата за купување на овие недвижности, како и дали во тие средства се вклучени и финансии кои Стевчо Крстевски ги стекнал преку вршење на договорени услуги кон државата?!

Дополнително, вредноста на објавениот имот, по сите економски параметри, не може да биде стекната само од државната плата која Стево Крстевски ја добива како директор. За споредба, на обичниот работник кој заработува минимална плата му требаат скоро 90 години за да успее да го заработи ваквиот имот. Ова само ја истакнува лажната слика која од СДСМ се обидуваат да ја наметнат дека наводно се борат за правата на обичните работници, како и фактот дека само при владеење на хибриден режим е можно стакнување на вака голем имот во рекордно кратко време.

Потсетуваме дека се работи за директор кој е партиски послушник на владејачката криминална клика и кој, противзаконски и насилнички, деградира од работни места роднини на истакнати членови на Левица.

За вакви ситуации, кога е евидентно постоење на основи за сомневање за незаконско богатење, јавноста очекува одговори и јавноста мора да доби одговори. Дополнително, како партија ја повикуваме Државната комисија за спречување корупција, да постапи согласно своите надлежности, утврдени со Законот за спречување корупција и судирот на интереси и да преземе соодветни мерки и активности за истражување на наведениот случај“, се вели во соопштението на Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ