„Во извештајот понатаму се наведува дека Северна Македонија има донесено антикорупциски закони, но тие не се спроведуваат. Извештајот ја пофалува работата на Државната комисија за спречување корупција, но ги истакнува проблемите во централните институции и судството како причина за неуспех во оваа битка. Овие се, оценуваат во извештајот, главните пречки за инвестициската клима во Северна Македонија.
Несериозно и неодговорно е однесувањето на Владата која ваквите аларми ги третира со небрежност, а последиците од тоа ги сносат граѓаните кои секој ден ја напуштаат државата и бегаат од корупцијата на институциите на сегашната власт и од немањето перспектива “, соопшти Алијанса за Албанците.






