понеделник, 18 мај 2026

Кливленд го посрамоти Детроит на негов терен и се пласира во финалето на Истокот (ВИДЕО)

Кливленд одигра неверојатен меч на гостувањето кај Детроит, победи со 31 поен разлика, беше 125-94. Со овој триумф Кавалирс ја заокружија серијата со 4-3 и се пласираа во финалето на Истокот каде ќе играат против Њујорк.

Објавено на

часот

Сподели

Детроит влезе како фаворит во оваа пресметка, тие беа најдобриот тим од источната конференција во регуларниот дел од сезоната, но два меча по ред загубија на домашен терен од Кливленд.

Овојпат не беше ни неизвесно, Кливленд одигра маестрално уште од стартот, ги доби сите четвртини и на крајот славеше многу убедливо, 125-94.

Победата се должеше пред се на тимската игра на Кливленд, најефикасен беше Мичел со 26 поени, Ален и Мерил постигнаа по 23, а Мобли 21. Најефикасен кај Детроит беше Џенкинс со само 17 поени.

Детроит во финалето на Истокот ќе игра против Њујорк кој со максимални 4-0 беше подобар од Филаделфија, во западното финале се среќаваат Оклахома и Сан Антонио.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ