На 16 мај во 23:30 часот, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Д. (73) од Скопско, по претходна пријава дека истиот ден околу 14 часот пред семејниот дом, по претходна расправија околу паркирање на возило, пукал со пиштол кон неговиот 71-годишен брат и неговото семејство. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.





