понеделник, 18 мај 2026

Маја Сивагнанам од август ќе биде амбасадорка на Велика Британија во Македонија

Од август годинава нов амбасадор на Обединетото Кралство во Македонија е Маја Сивагнанам, соопшти Амбасадата во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Метју Лосон е амбасадор на Обединетото Кралство во Македонија од 2022 година.

Сивагнанам има 25-годишно искуство како професионален дипломат, а во кариерата извршувала повеќе должности, меѓу кои и служба во британската амбасада во Анкара, Турција.

Ова е нејзина прва служба како највисок дипломатски претставник во една држава, a Сивагнанам ќе биде втората жена по Рејчел Галовеј што ќе ја извршува британската амбасадорска функција во Македонија.

Таа била и заменик-директор на Самитот на Европската политичка заедница, кој лани се одржа во Лондон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ