понеделник, 18 мај 2026

Земјотрес во Кина, двајца мртви, се урнаа 13 згради (ВИДЕО)

Земјотрес со јачина од 5,2 степени што утрово го погоди југозападниот кинески регион Гуангси усмрти две лица, а повеќе од 7.000 луѓе во градот Лиужоу беа евакуирани, додека продолжуваат спасувачките операции, а властите предупредуваат на нарушувања во сообраќајот.

Фото: ЕПА (архива)

Објавено на

часот

Сподели

Потврдени се две жртви, едно лице сè уште се води како исчезнато, а четири лица се пренесени во болница, иако никој од нив нема повреди опасни по живот, објавија ЦЦТВ и државната новинска агенција Синхуа.

Тринаесет згради се урнале во раните утрински часови, објави државната телевизија ЦЦТВ.

Железничките власти исто така предупредија на нарушувања во сообраќајот додека го проверуваат интегритетот на железничката инфраструктура.

Комуникациските и електричните водови, снабдувањето со вода и гас, како и сообраќајот во погоденото подрачје, функционираат нормално, објавија државните медиуми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ