сабота, 14 февруари 2026
Време

Сончево со мала облачност

Во Maкедонија денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од  минус 6 до минус 1, а максималните ќе достигнат од 7 до 14 Целзиусови степени.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје, во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и тивко со мала облачност. Минималните температури ќе се спуштат до минус 5, а максималните ќе достигнат до 9 степени.

Утре ќе се задржи стабилно и потопло време со услови за појава на утринска магла по котлините. Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност и повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура повторно ќе биде во опаѓање. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ