четврток, 21 мај 2026

Во Скопје и Куманово се чуваат лавчиња како миленичиња, Анима мунди бара истрага

Објавено на

часот

Сподели

Од здружението за заштита на животните Анима мунди бараат надлежните институции итно да спроведат истрага и да ги најдат и најстрого да ги казнат сите оние кои во последните неколку дена се сликаат со младенчиња од лав како да се експонати, титули наместо диви животни заштитени со закон. Кој дозволил влез во државата на младеничиња од лав? Кои институции се вмешани во ова бесрамно кршење на закон?, прашуваат од Анима мунди. Тиа ги повикуваат одговорините лица од Министерството за внатрешни работи, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како и од Агенцијата за храна и ветеринарство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ