вторник, 19 мај 2026

ВМРО-ДПМНЕ го прашува Шилегов каде се 12,5 милиони евра од продажбата на градската куќа

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролката Марија Митева повторно го праша Шилегов каде се 12,5 милиони евра од продажбата на градската куќа и наброи што сѐ било купено во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

„Градските власти од ВМРО-ДПМНЕ купија 310 автобуси за ЈСП, или 3 пати повеќе од тоа што се фали Шилегов дека купил како возила за сите градски претпријатија. Петре Шилегов кога се фали дека додека е градоначалник претпријатијата под Град Скопје набавиле 130 возила треба да знае дека толку возила се набавени во времето на ВМРО-ДПМНЕ во само едно претпријатие. Додека за сите претпријатија во целост се набавени над 500 возила и механизација, односно 4 пати повеќе од тоа што Шилегов денес се фали“, изјави партиската портпаролка, Марија Митева.

Според неа, во времето додека ВМРО-ДПМНЕ управувала со Град Скопје набавени биле 100 возила само за ЈП „Комунална хигиена“, во чиј состав влегуваат камиони за собирање на смет, чистење и миење на улици, и тоа е најсовремена опрема каква што имаат и големите европски метрополи.

Митева наброи дека тогаш за ЈП „Улици и патишта“ биле купени 2 камиони четироосовинци, 2 ровокопачи, машина за нанесување на асфалт, неколку валјаци, камиони за пренесување на работници и алат, машини за залевање на пукнатини на асфалт, а во ЈП „Паркови и зеленило“ биле набавени 10-тина возила и над 50 косилки, како и тракторска косилка и камион за пресадување на дрва која е машина каква што претходно немало во државата.

„Десетици возила се купени и за ЈП ‘Градски паркинг‘ и за „Дрисла‘ каде се купени утоварувачи и  машини за пресирање на сметот. Ова е 4 пати повеќе од тоа што се фали Шилегов дека го купил. Тоа е разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ 4:1“, додава Митева.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ