„Се работеше за насилно отворена шахта со длабочина од 2,5 метри во која се наоѓаше беспомошното куче, видно исплашено и дехидрирано. Истото беше замотано во кабли од кои внимателно е извадено и безбедно е сместено во транспортер“, велат од Лајка.

По прегледот во ветеринарната служба на Јавното претпријатие Лајка и тестирањето на кучето е констатирано дека нема видливи повреди и е позитивно на ерлихија.

Кучето нема микрочип па го доби името Борче и ќе подлежи на хуманиот третман за бездомни кучиња.






