недела, 17 мај 2026

Скопје испадна од трката за Зелена престолнина на Европа за 2023, Софија во финалето

Објавено на

часот

Сподели

Софија е во финалето со уште три други градови, Хелсингборг (Шведска), Краков (Полска) и Талин (Естонија), соопшти Генералниот директорат за животна средина на Европската комисија.

Освен Белград, Загреб и Скопје од трката испаднаа и Каљари (Италија), Дабилн (Ирска), Газиантеп (Турција), Гдањск (Полска), Измир (Турција), Кошице (Словачка), Логроњо (Шпанија), Жешов (Полска) и Варшава (Полска).

Во завршната фаза од натпреварот четирите финалисти треба да го убедат меѓународното жири дека се сериозно посветени на одржлив урбан развој и дека имаат капацитет да бидат пример за другите градови. Победникот ќе биде прогласен на церемонијата на доделување на наградата на 9 септември во финскиот град Лахти, кој ја има титулата Зелена престолнина на Европа за 2021 година.

Инаку, наградата Зелена престолнина на Европа се доделува од 2008 година со цел градовите со над 100 илјади жители да се поттикнат да станат позелени, поздрави и поодржливи места за живот. Досега наградата ја добиле 13 градови, вклучувајќи ја и Љубљана во 2016 година. За Зелена престолнина на Европа за 2022 година, пак, е прогласен Гренобл во Франција.

Паралелно со наградата Зелена престолнина на Европа 2023 ќе биде врачена и наградата Европски зелен лист за 2022 година која се доделува на градови кои имаат меѓу 20.000 и 100.000 жители и со која се оддава признание за посветеноста во унапредувањето на еколошката ситуација со посебен акцент на напорите да се осигура зелен развој и работни места. За наградата за2022 година во потесен избор се шест кандидати – Бистрица (Романија), Хелсингер (Данска), Гава (Шпанија), Тревизо (Италија) Валонго (Португалија) и Винтерсвајк (Холандија).

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ