сабота, 16 мај 2026

По големиот број на пријави, Општина Центар почнува акција за мерење на бучавата

Објавено на

часот

Сподели

Локалната самоуправа информира дека во наредниот период, овластени инспектори од Општина Центар, со помош на инструменти за мерење бучава, ќе вршат зачестени контроли во сите угостителски локали, а особено во оние за кои од граѓаните до општината има пристигнато најмногу пријави.

Апелираат до кафе-баровите, рестораните и останатите угостителски објекти, како и до нивните управители и сопственици, да се воздржат од пуштање гласна музика, да се придржуваат до постоечките правилници и да ги почитуваат законските решенија за дозволена гласност.

„Доколку инспекторите на терен констатираат надминување на дозволеното ниво на гласност и се констатира непридржување до пропишаните гранични вредности, ќе се изречат соодветни казни и санкции во согласност со Законот за заштита од бучава во животната средина“, соопштија од општината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ