Како што соопштија од Град Скопје, регистриран е прекин на електричната енергија во делови на Центар и Аеродром и прекин на телекомуникациската мрежа во неколку скопски населби. Паднати се десетина дрвја и има неколку оштетени автомобили.
Град Скопје информира дека се проодни сите подвозници и дека екипи на јавните градски претпријатија работат на поединечни локации.
„Екипите на ЈП „Паркови и зеленило” работат на расчистување на дрвјата, додека екипите на ЈП „Водовод и канализација” на отстранување на проблеми со атмосферската канализација“, се вели во соопштението.






