вторник, 19 мај 2026

Паднати дрвја и неколку оштетени автомобили во краткотрајното невреме во Скопје

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од Град Скопје, регистриран е прекин на електричната енергија во делови на Центар и Аеродром и прекин на телекомуникациската мрежа во неколку скопски населби. Паднати се десетина дрвја и има неколку оштетени автомобили.

Град Скопје информира дека се проодни сите подвозници и дека екипи на јавните градски претпријатија работат на поединечни локации.

„Екипите на ЈП „Паркови и зеленило” работат на расчистување на дрвјата, додека екипите на ЈП „Водовод и канализација” на отстранување на проблеми со атмосферската канализација“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ