вторник, 19 мај 2026

Невакцинираните на протест порачаа: „Од утре без вакцина ќе си одиме пак во кафанчиња“

Објавено на

часот

Сподели

Дел од оние што говореа на протестот им порачаа на политичарите дека тонеле во жив песок, а за од утре нагласија дека ќе ги кинеле пораките што стојат на влезот во секој затворен објект, со кои се порачува дека е задолжително носење на маска, како и дека треба да се држи дистанца.

Протестот почна пред Собранието, по што продолжи пред Владата.

„Некој одлучил, некој Бог, Алах, некој универзум, како сакате наречете го, дека нас треба да нѐ создаде и само тој може да нѐ уништи. А не некои психопати од аздис, коишто не знаат што да прават и одлучиле дека треба да нѐ уништат. Политичарите за нас се гревчиња и ова не доаѓа од нив, туку од нивните босови. Тие се јадни душички што пропаѓаат во жив песок. Ова со вакцинацијата е светски криминал“, рече една од учесниците на протестот, а нејзиниот говор беше проследен со голем аплауз од присутните.

„Политичарите не можат назад бидејќи земале пари и дале нешто под кирија, ама напред ќе одат толку колку што ќе им дозволиме. Од утре ќе си го продолжиме животот како што е ред и невакцинирани ќе си одиме во кафанчиња.“

На протестот со ножици се сечеа маски, а демонстрантите беа без маски. 

Во Македонија последниот период растат бројките на заразените со коронавирусот, а денеска беа регистрирани нови 805 случаи и 10 починати пациенти.

Фото: Роберт Атанасовски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ