Деталниот урбанистички план за оваа локација е донесен уште во 2012 година.
За првата 20-катница комуналиите од 2,4 милиони евра се веќе уплатени на сметките на Град Скопје и на Општина Центар. Тука е предвидена и изградба на уште една станбена зграда и деловен центар.
Планот за изградба на овие објекти предизвика големи реакции во јавноста и помеѓу урбанистите, локалната власт ветуваше и суспензија на овие детални урбанистички планови, но градоначалникот Богдановиќ вели дека сите можности за какво било суспендирање на планот за оваа локација веќе биле исцрпени.






