вторник, 19 мај 2026

На 9 пешачки острови низ Скопје ќе се поставуваат заштитни стреи

Објавено на

часот

Сподели

Голем дел од пешачките острови на подрачјето на Скопје, со направени претходни студии се мапирани како места кај кои има зголемен ефект на урбани топлотни острови. Градот Скопје изминатиов период изврши мерења со користење термална камера во три дневни интервали на повеќе локации, а според резултатите утврдени се најтоплите девет точки кај кои ефектот на урбаните топлотни острови е најголем. Највисоките температури согласно мерењата на овие 9 локации се движат меѓу 50 и 55 степени целзиусови, а највисоката температура од 60,3 степени е измерена на крстосницата кај објектот на Делегацијата на ЕУ во Центар.

За изработката на проектната документација во Буџетот на Град Скопје се превидени 10.000 евра, а за реализацијата на проектот се предвидени дополнителни 30.000 евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ