петок, 22 мај 2026

Граѓаните предупредуваат, ќе се узурпира просторот на СЦ „Борис Трајковски“ за улица за нови згради

Објавено на

часот

Сподели

Општина Карпош информира дека „според Генералниот урбанистички план на Град Скопје, врз основа на кој се носи и ДУП-от З 04, блок 5, се предвидува изградба на улица – сообраќајница, која ќе поминува кај картинг – просторот и во близина на тениските терени. Значи, сообраќајницата воопшто не задира во ниту еден дел од спортскиот центар ‘Борис Трајковски’“.

Граѓаните сепак сметаат дека ситуацијата на теренот е сосема поинаква. Тие велат дека се прави класична узурпација на просторот на спортскиот центар за отворање на улица за потребите на приватни градежни интереси. Ќе се урива дел од летната тераса на базенот, нераздвоен дел од базенот и сопственост со имотен лист на центарот. Ќе се одземе дел од тениските терени, а спортските активности на младите ќе се одвиваат покрај улица, предупредуваат жителите на Карпош.

Улицата ќе биде широка 7 метри и три метри се предводени за пешаци и  плус три метри за зеленило, со што 1/3 од тениските терени пред базенот ќе ги нема. „Со кој креативен памет ставате булевар веднаш до тениските терени, каде што спортуваат мали деца. Со кое право Богоев и Шилегов се мешате во туѓа сопственост? Дали некој Ви дошол дома кај вас, да ви земе нешто, ваше“, прашуваат незадоволните граѓани.

Тие потсетуваат дека летната тераса на базенот е нерадвоен дел на базенот и е со имотен лист, законски вцртана и има статус како дел од објектот, а со ова вие всушност сакате да урнете дел од базенот, а законски не смеете ни да го допрете. Во тениските терени инвестирани се 900 илјади евра народни пари, а платени се и 50 илјади евра комуналии. Ставате сообраќајница меѓу базен и евентуални тениски терени… мораме да се послужиме со изразов – дали сте луѓе вие нормални!“, апелираат жителите на Скопје за укинување на овие планови на општинарите.

Неодамна Советот на Општина Карпош ги донесе овие измени во урбанистичкиот план со кој на просторот пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ се предвидува изградба на станбено-деловни објекти, а за тоа неопходно е пробивање и на сообраќајница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ