вторник, 11 ноември 2025

СДСМ контра ВМРО-ДПМНЕ: Власта би имала 52, а СДСМ 21 пратеник

ВМРО-ДПМНЕ не може да го скрие падот, а бројките се јасни и немилосрдни кон нив. Анализата на пратенички места според гласовите е прецизна математичка операција која јасно покажува дека ВМРО-ДПМНЕ би паднале на 52 пратеници, а СДСМ би имал најмалку 21 пратеник, се наведуваш во соопштението на СДСМ откако претходно денеска ВМРО-ДПМНЕ објави симулација според која, ако утре се одржат парламентарни избори партијата би освоила над 60 пратеници.

Објавено на

часот

Сподели

„Очајните обиди за манипулација се резултат на шокот кој го доживеаа и падот од преку 140.000 гласа кој е јасен сигнал дека нивните лаги и погрешни политики се прочитани. СДСМ ја продолжува битката за уште 17 општини, ги повикуваме граѓаните масовно да излезат на галсање во вториот круг и да гласаат за кандидатите на СДСМ, докажани и чесни луѓе кои уште во првиот круг јасно докажаа дека имаат што да понудат“, велат од СДСМ.

Разултатите на анализата на партијата за освојување пратенички места, а според освоените гласови „јасно покажува дека ВМРО-ДПМНЕ би паднале на 52 пратеници, а СДСМ би имал најмалку 21 пратеник“.

Ваквата анализа на СДСМ доаѓа откако претходно денеска ВМРО-ДПМНЕ објави симулација според која, ако утре се одржат парламентарни избори партијата би освоила над 60 пратеници.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ