На овие избори, ВМРО-ДПМНЕ освои 12.000 гласа повеќе од 2021 година, додека СДС потона со минус 111.000 гласа. Ова е пораз кој најдобро ја отсликува недовербата на граѓаните во нивните промашени политики, неспособно владеење и неквалитетни кадри.
ВМРО-ДПМНЕ е партијата со најголема поддршка во 59 општини и градот Скопје, а во мнозинството од нив има апсолутно мнозинство во советите. Тоа значи дека народот избра стабилност, развој и чесни луѓе кои знаат што значи работа за интересот на државата, а не за лични привилегии.
Граѓаните избраа пат на раст и развој, а не застој и пропаѓање. Со оваа поддршка, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека е партија на народот, што ги слуша граѓаните и работи за нив.
Сега е време оваа голема победа да се заокружи во вториот круг. Да излеземе масовно и уште еднаш да ја потврдиме волјата на народот, со заокружување на бројот 9, со твојот човек, за твоето место, за твојата иднина! Направете го вистинскиот избор“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






