„Овие признанија ни потврдуваат дека успеавме да создадеме вебсајт кој поаѓа од потребите на клиентите и ги следи најновите трендови во дигиталниот свет. Сајтот е дел од една поширока стратегија за целосна дигитализација и префрлување на услугите на Банката онлајн, без потреба од посета на банка. Навистина настојувавме да дизајнираме пријатно искуство низ сајтот, со корисни содржини и лесно навигирање“, изјави Андреј Јовковски, директор на Самостојната дирекција за маркетинг во Комерцијална банка, во своето обраќање за време на доделувањето на наградата „Сајт на годината“.





