петок, 22 мај 2026

Капетан Кирк полета во вселената и назад: Блу ориџин успешно слета на Земјата (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Капсулата со четворицата членови на екипажот слета на Земјата.

Со овој лет, Шатнер стана најстарата личност што некогаш летала во вселената. Полетувањето беше закажано за 9 часот наутро по локално време. Првичната намера била вселенското летало Блу ориџин да полета вчера во вселената, но временските услови не го дозволиле тоа.

Пред летот во средата, Шатнер рече: „Постои оваа мистика да се биде во вселената и многу поблиску до ѕвездите и да се биде во бестежинска состојба”.

„Ќе бидам воодушевен од погледот на вселената”, додаде тој. „Сакам да ја погледнам орбитата и да се восхитувам на нејзината убавина и истрајност”.

На Шатнер на 10-минутното патување му се придружија поранешниот инженер на НАСА Крис Бошуизен, ко-основачот на платформата Медидејта Солушнс за клинички истражувања Глен де Врис, и потпретседателката и инженер на Блу Ориџин Одри Пауерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ