петок, 12 јуни 2026

„Како Влада сме за редовни избори во 2028, но ако опозицијата инсистира…“

Многу бргу, веќе сме во втората половина на нашиот мандат, ќе имаме парламентарни избори, па граѓаните нека одлучат. Дали овие, кои капитулираа, ја ограбија, ја осиромашија и ја уништија Македонија треба да добијат и еден пратеник, или ние, кои нудиме сосема еден нов концепт, кој се темели на многу работа, но истовремено бескомпромисна битка и со став за националните интереси, изјави вчера премиерот Христијан Мицкоски.

Објавено на

часот

Сподели

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да оди на предвремени извори доколку опозицијата го бара тоа, најави Мицкоски. „Како партија секогаш сме подготвени да излеземе на терен и да победиме. Политички е умно кога ќе влезете во втората половина од мандатот да бидете подготвени за какви било сценарија. Ние сме кажале дека нашата опција која ја преферираме како Влада се редовни избори во 2028 година, но сме подготвени ако опозицијата побара да излеземе на терен и да победиме“, изјави Мицкоски.

Премиерот најави скорешни разговори со коалициските партнери во врска со најавената реконструкција на неговиот кабинет.

„Најпрво сакам да ја слушнам визијата, да видиме дали таа се поклопува, па дури потоа можеме да зборуваме за кадровски решенија“, додаде Мицкоски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ