сабота, 23 мај 2026

Болдвиновиот истрел е 43-то фатално пукање на американски филмски сет од 1990

Објавено на

часот

Сподели

На меѓународно ниво, оваа бројка од 2000 година се смета дека е поблиску до 37.

„Секоја година, работниците од двете страни на камерата се осакатувани, палени, кршат коски, па дури и умираат обидувајќи се да обезбедат забава што ги полни киносалите и ги одредува високите ТВ-рејтинзи“, напиша Ентони Макартни од АП, кој до бројките дошол со „чешлање“ низ истраги, судски записи и медиумски вести.

„Повредите доаѓаат не само од очигледни ризици како што се каскадерски активности и експлозиви, туку и од паѓање од скали, превртување на опремата и машини без заштитни опции“.

Од поновите примери, возачот на камион Џон Сатлс загина во пад од камион за време на снимањето на Марвеловите „Одмаздници“ во 2011 година, еден локален градежен работник загина на снимањето на „Блејд ранер 2049“ во 2017 година, а каскадерката Џои Си Џеј Харис загина во сообраќајна несреќа со мотоцикл додека го снимаше Дедпул 2 во 2018 година.

Алек Болдвин во четвртокот пукнал со реквизит-пиштол на снимањето на својот нов вестерн филм, случајно убивајќи ја кинематографката Халина Хачинс и ранувајќи го режисерот Џоел Суза. Режисерот во меѓувреме е пуштен од болница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ