Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и дневни температури од 26 до 34 степени. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повадрарието.






