Обвинителениот акт од ОЈО ГОКК за случајот „Плацеви на Водно” e поднесен против 6 лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела перење пари и други приноси од казниво дело по чл. 273 ст.1 како и противправно стекнување и прикривање имот од чл. 359-1 ст. 1 од КЗ за еден од обвинетите.
Првообвинет е поранешниот премиер, Никола Груевски, неговиот кум, Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ и Јордан Камчев, Ратка Камчева и поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.
Бизнисменот Орце Камчев е во притвор во истражниот затвор во Шутка, откако месецов му беше продолжен за нови 30 дена за предметот „Плацеви на Водно”. Притвор беше определен и за поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство од земјава.
Обвинението го товари Грувски дека присвоил на 1,3 милиони евра од партиски донации, за подоцна преку перење на пари и прикривање на сопственост, противправно да купува земјиште на Водно, Мијалков дека му помогал во кривичното дело, а останатите обвинети за кривично дело – перење пари.






