„Како што е пренесено до министерот, со Уставен суд комуникацијата е реализирана на неформален начин заради тоа што до вчера актот на Уставен суд не беше објавен во Службен весник и токму поради ова, добро е Уставниот суд да не брза со квалификации ,туку да ги праша своите колеги. Од друга страна, со цел да се почитува законот и Уставот, директорот од УВМК има побарено писмено мислење од Министерството за правда и Секретаријатот за законодавство. Длабоко веруваме дека нашите 10+10 иницијативи не се причина за нервозата изразена кон нас. На почитуваниот Уставен суд му посакуваме успеси во нивна понатамошна работа“, пишува во реакцијата на мМинистерството за правда.





