„Нашиот народ, граѓаните знаат многу добро колку се важни овие локални избори затоа што се поврзани со секојдневието на граѓаните, доминантно општините, со нивниот живот, со нивните семејства, со нивните секојдневни потреби. Затоа верувам дека ќе ги изберат најдобрите советници и најдобрите градоначалници. Драго ми е што кампањата помина главно во позитивна наместо негативна атмосфера. Драго ми е што имавме европска изборна кампања, верувам дека и денеска ќе имаме европски изборен ден каде ќе доминираат проектите, програмите наспроти лажните вести и измислиците. Во такви околности убеден сум дека со овие избори испраќаме уште еднаш порака во каков правец треба да се движи нашата држава и нашите општини затоа што граѓаните го очекуваат најдоброто за нив. Убеден сум дека токму на овие избори, пред сѐ, фер, демократски и слободни, но и со изборот кој ќе го направат во текот на денешниот ден ќе ги потврдат вистинските политики со исклучителна важност за иднината на државата и на нашите општини“, рече Заев.
Заев: Граѓаните знаат колку се важни овие локални избори и верувам дека ќе изберат најдобрите градоначалници

ТОП ВЕСТИ





