Полицијата на Ејвон и Сомерсет била повикана во домот околу 6 часот и 30 минути наутро, кога го опколила подрачјето и ги евакуирала жителите во близина од нивните домови во „привремен центар за помош“, пренесува Би-би-си.
„Со оглед на неодамнешната промена на нивото на закана во Велика Британија, би сакале уште од самиот почеток да ја информираме јавноста дека не го третираме овој инцидент како сомнителен терористички напад“, соопшти полицијата.
Тие ги замолија граѓаните да ја избегнуваат областа додека реагираат службите за итни случаи.
A major incident has been declared after two people died in an explosion in Bristol
Read more here:https://t.co/6KB9WzwPeg pic.twitter.com/JVDT7ZiDYM
— Greatest Hits Radio News (@GHRNewsUK) May 3, 2026
Полицијата потврди дека две возрасни лица загинале во домот и дека нивните семејства се известени. Тие додадоа дека во моментов не бараат осомничени, но истрагата е во рана фаза.
Жителите од безбедносната зона беа евакуирани во привремен приемен центар, додека беше поставен кордон „како мерка на претпазливост за заштита на јавноста“. Не се пријавени поголеми штети на околните згради.
Two killed in house explosion as bomb squad swoop on ‘suspicious’ blasthttps://t.co/B6rwSzAYdf pic.twitter.com/OO9Tc2DZZo
— The Scottish Sun (@ScottishSun) May 3, 2026
На местото на настанот е испратена и единица за деактивирање експлозивни направи, додека полицијата истражува и објект во областа Спидвел кој е поврзан со инцидентот.
Полицијата апелираше до граѓаните да не шират шпекулации и да ја избегнуваат областа додека трае истрагата.






