недела, 3 мај 2026

Заев: Да бидам жив и здрав, да дочекам Албанец да биде претседател на државата

Објавено на

часот

Сподели

Заев вели дека нема ништо против претседател на државата да биде Албанец и оти би сакал да го дочека тоа, но рече дека за тоа да се реализира потребна е поддршка не само од Албанците кои живеат во земјата, туку и од останатото неалбанско население, бидејќи претседател се избира на непосредни избори.

„Ќе го чекам моментот кога граѓаните и Македонци, Албанци, Срби, Власи и Турци ќе бидат подготвени да изберат граѓанин кој не е Македонец. Ова е наша заедничка земја, овде сите сме родени, татковците и дедовците ни се родени, а тука ќе ни биде и заедничката иднина“, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање за тврдењата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека следно што ќе исполни оваа партија ќе биде избор на Албанец за претседател на државата.

Тој потсети дека преседателот се избира на непосредни избори на кои гласаат граѓаните, и оти тоа не се договара партиски и политички.

„Тој момент ќе сакам да го дочекам, да бидам жив и здрав, јас, а и сите ние. Тоа ќе значи афирмација на личност, на граѓанин пред сѐ и како граѓанин без разлика на својата етничка определба да помине кај граѓаните и кого би го гласале за претседател најмалку 50 отсто од Македонците, 50 отсто од Албанците, 50 отсто од Србите, Власите, Ромите, Бошњаците и сите кои што живеат во нашата земја“, изјави Заев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ