недела, 3 мај 2026

Трката во Формула 1 која се вози во Мајами, ќе почне три часа порано

Поради најавите за силно невреме кое треба да се случи во периодот кога првично беше предвиден стартот на трката во Мајами, таа е поместена за три часа порано.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Формула 1 информираше дека поради временските услови одлучено е трката во Мајами да стартува во 15 часот по локално време.

„По разговорите меѓу ФИА, Ф1 и промотерот на Мајами, донесена е одлука почетокот на Големата награда на Мајами во недела да се помести во 13:00 часот по локално време во Мајами, поради временската прогноза која се очекува да донесе пообилни дождови подоцна попладне, блиску до првично планираното време за почеток на трката“, стои во соопштението.

По македонско време трката би била во 19 часот, наместо во 22 како што претходно беше предвидено.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ