Кошаркарите на Филаделфија направија вистинско изненадување, мораа да играат плеј-ин за да влезат во плејофот, а ретко кој им даваше шанси против Бостон, особено не откако губеа со 1-3 во серијата.
Но, Филаделфија оствари три победи по ред, од кои две беа во Бостон, комплетно го сврте резултатот во своја полза, ја добија серијата со 4-3 и се пласираше во конференциското полуфинале каде ќе игра против Њујорк.
Голем дел од работата Филаделфија синоќа заврши во првата четвртина која ја доби со 32-19. Во вториот период Бостон конечно заигра како што сакаат фановите, ја стопи негативата и дојде до поен предност, но тогаш пак почна да губи, на одморот Филаделфија замина со предност од пет поени, 55-50.
Во текот на третиот период Филаделфија имаше и највисоки 18 поени разлика, беше 84-66, полека стануваше јасно дека може да се случи сензација. Но, Бостон не се предаваше, во последните 12 минути, двапати дојде до негатива само од еден поен, сепак не успеа пак да го сврти резултатот. Конечниот гласеше 109-100 за Филаделфија.
Ембид беше ѕвездата на вечерта за Фили, постигна 34 поени и имаше 12 скокови, одличен беше и Максеј со 30 поени и 11 скокови. Кај Бостон, Браун постигна 33 поени, Вајт 26.






