понеделник, 4 мај 2026

Заев-Абазовиќ: Заедничката иднина на Скопје и Подгорица е во Европската Унија

Објавено на

часот

Сподели

Средбата е во рамки на активностите на Самитот на Западен Балкан, насловен „Промовирање на инклузивноста и солидарноста на Европа” кој во организација на лондонски „Економист” денеска се одржува во Скопје.

Премиерот Заев и вицепремиерот Абазовиќ како особенo значајна ја оценија соработката и поддршката на двете земји во процесот на успешна европска интеграција со продолжување на успешните структурни реформи, согласувајќи се дека продолжува соработката и преку размена на посети на високо ниво и регионална соработка меѓу Република Црна Гора и Република Северна Македонија.

На денешната средба меѓу делегациите на Северна Македонија и Црна Гора, премиерот Заев подвлече дека иднината на земјите од Балканот е во заедничкото пријателство и соработка, потенцирајќи дека и регионалната иницијатива „Отворен Балкан” отвора многу можности за подобар живот на граѓаните во сите земји во регионот, создавајќи услови за зајакнување на економиите и побрз влез во Европската Унија.

Исто така, беше оценето дека оваа иницијатива има единствена цел, преку олеснување на трговијата, движењето на граѓаните и размената на искуства да се обезбеди ефикасна економска регионална соработка, отворање нови работни места, раст на Бруто домашниот производ и подобрување на стандардот и квалитетот на живот на граѓаните од сите земји во регионот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ