понеделник, 4 мај 2026

Задолжителна маска, држење растојание и дезинфекција на рацете при влегување и излегување од гласачкото место

Објавено на

часот

Сподели

Лицето кое гласа задолжително да носи заштитна маска или шал/марама/ прекривка преку нос и уста. Заради почитување на заштитните превентивни мерки и препораки треба да држи минимум растојание од 1,5 до 2 метра пред влезот, во внатрешноста и при излезот од гласачкото место. Гласачот при самото влегување во внатрешниот простор и при излегувањето треба да ги дезинфицира рацете.

Во препораките се наведува дека гласачот растојание треба да држи и при приложување на документот за лична идентификација. Тој потоа накратко ја отстранува личната заштита од лицето заради негова идентификација. Притоа треба да се почитуваат и ознаките со кои се обележува правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање, или да се стои подалеку од  граничникот ставен пред членот на избирачкиот одбор.

На гласачкото место, пак, истовремено не смее да има повеќе гласачи од бројот на паравани за гласање, а при напуштање на гласачкото место, гласачот врши задолжителна дезинфекција на рацете.

Што се однесува до просторијата каде што ќе се гласа, препорачано е прозорците во  просториите кои ќе се користат како гласачки места да бидат отворени за време на гласањето, или пак зачестено да се проветруваат на секој час.

Членовите на избирачките одбори и сите останати лица на кои им е дозволено да бидат присутни на гласачкото место за време на гласањето и кои го следат гласањето, задолжително да ги почитуваат општите заштитни превентивни мерки и препораки:

-од моментот на влегување на гласачкото место, за време на гласањето и по завршување на истото, при извршување на работата и работните активности на лицата, да се носат заштитни маски,

-членовите на ИО ја менуваат заштитната маска на секои 4 часа,

-задолжително одржување на физичко растојание од 1,5 до 2 метра во текот на целиот процес,

-задолжително често миење на раце или дезинфекција во текот на изборниот процес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ