Владините претставници, како што соопшти Владата, ги изнеле владините политички позиции за унапредување на правата и статусот на работниците во Македонија без разлика од кој сектор доаѓаат и уште еднаш ги потенцирале заложбите на Владата за најбрзо обезбедување на денот недела како неработен за сите работници кои имаат потреба од остварување на тоа право, како и за покачување на минималната плата до 18.000 денари најбрзо што може во 2022 година, а со цел покачување до 20.000 денари до крајот на мандатот.
Шаќири во име на Владата нагласил дека обврска на Владата е да го слушне и разбере гласот на работникот и дека оваа Влада секогаш ќе биде отворена и ќе излегува во пресрет на барањата на синдикатите. Министерот изразил целосна подготвеност за реализација на циклус разговори меѓу Владата и социјалните партнери со цел изнаоѓање најсоодветни и изводливи решенија за унапредување на статусот на работниците, вклучувајќи и покачување на минималната плата.
„Владата и синдикатите се согласија работна група да ги прибере сите потребни податоци со цел детална разработка на можните оперативни решенија за зацртаните социјални цели, најдоцна до 20 јануари 2022 година“, се вели во соопштението.






