четврток, 7 мај 2026

Треба да се реши процесот меѓу Софија и Скопје и да се исполнат точките од договорот, вели Кјучук

Објавено на

часот

Сподели

Треба да се реши процесот меѓу Бугарија и Северна Македонија, да бидат исполнети точките од Договорот, со цел да прекине блокадата на Северна Македонија“, рече Кјучук во вчерашното обраќање на конференцијата на Алијансата на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ) и Либерално демократската партија (ЛДП), насловена „Обновен наратив за забрзана интеграција на ЕУ“.

Кјучук кој е и копретседател на АЛДЕ нагласи дека целта на конференцијата е уште еднаш да се  потврди чистата позиција дека земјите од Западен Балкан треба да бидат дел од ЕУ.

Инаку, Кјучук денеска во Софија е домаќин на Форумот за Западен Балкан насловен „Време е за враќање на довербата“, кој се организира во партнерство со Фондацијата за либерална интеграција и Европскиот либерален форум.

Форумот има за цел да ги отвори клучните теми за Западен Балкан, со цел да се дадат јасни насоки за преговарачкиот процес за пристапување на регионот во ЕУ. На собирот, меѓу другите, најавено е учество и на еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји и на специјалниот претставник на Владата за Бугарија, Владо Бучковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ