четврток, 7 мај 2026

Вардарци подготвени за славје, дуелот со Пелистер е „меч-топка“ за титулата

Ракометарите на Вардар вечерва имаат прва меч топка за шампионската титула во македонската Суперлига.

Објавено на

часот

Сподели

„Црвено-црните“ во СЦ „Јане Сандански“ го пречекуваат Еурофарм Пелистер и се на чекор до враќање на трофејот по три години пауза.

Тимот на Иван Чупиќ во дербито влегува со предност во меѓусебните дуели и дури пораз до два гола разлика му е доволен за заверка на титулата.

Вардарци зад себе имаат тежок европски натпревар против Монпелје, но домашниот терен и поддршката од „Комити“ ги ставаат во улога на фаворити. Од друга страна, битолчани немаат простор за калкулации. Еурофарм Пелистер се бори за второто место кое носи пласман во Европската лига, а дополнителен мотив сигурно е и ланската победа во Скопје во директната битка за титулата.

Дербито меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер се игра вечерва од 19:00 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ