Како што информираат од МВР, утрово во Штип бил уапсен 38 годишен маж.
„И покрај тоа што од април 2026 година имало изречено судско решение да не се доближува и да не ја малтретира неговата сопруга, тој отишол пред домот во кој живее неговата сопруга и по кратка расправија физички ја нападнал“, информираат од МВР.
Синоќа пак, во Скопје, полицијата го упасила Б.С. по претходна пријава од неговиот 25-годишен син, дека во семејниот дом му упатил закани со остар предмет.
Во Скопско, синоќа бил уапсен И.Б.(40) откако неговите родители пријавиле дека во семејниот дом, агресивно се однесувал, оштетил дел од покуќнината, при што им упатил и закани.
Претходно утрото, 18-годишник од Скопско пријавил дека ноќта околу поноќ во семејниот дом во Сарај, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот 19-годишен брат.
„По преземените мерки, полициски службеници од полициската станица Кисела Вода извршиле службен разговор со пријавениот“, соопштија од МВР.
Утрово, во СВР Охрид бил извршен службен со 46 годишниот Г.Ј. постапувајќи по претходна пријава од неговата 44-годишна сопруга, дека по кратка расправија ѝ упатил закани.
„Кај него се пронајдени и одземени пиштол, автоматска пушка и куршуми за пиштолот и пушката, како и другото оружје“, се наведува во билтенот на МВР.
Во Дебар вчера полициски службеници го лишиле од слобода Б.Г. откако ја нападнал неговата 36-годишна сопруга.
Вчера попладне, прилепчанка пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг С.К., кој употребил тврд предмет и ѝ нанел повреда.
Од МВР посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите и најавуваат дека по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.






