среда, 6 мај 2026

Приведен дебранец за физички напад врз сопругата

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи во Дебар лишиле од слобода дебранец поради физички напад врз неговата сопруга.

Објавено на

часот

Сподели

„Полициските службеници го лишиле од слобода Б.Г.(45) од Дебар, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 36-годишна сопруга, на која ѝ упатувал и закани“, информираа од полицијата.

Нападната сопруга побарала и лекарска услуга во Општата болница со проширена дејност. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Според полицијата ова е петти случај на семејно насилство пријавен годинава, на подрачјето на oпштините Дебар и Центар Жупа, кои се под надлежност на дебарското одделение.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ